Запалена беше нискостеблеста вегетација.
На пладне околу 12 часот, голем пожар ја зафати бујната вегетација кај тениското и спортското игралиште под Инекс. Високите температури и ветерот придонесоа пламените јазици за брзо време да зафата огромна површина со трева. Потоа, огнот се појавил и кај боровата шума што, според логички размислувања упатува на намерно подметнат пожар на различни места. Интервенирале пожарникарите кои воделе вистинска битка со огнот и висиките температури што ги предизвикал и оневозможувал поблизок приста за гасење.