Уште еден пожар во Дебарца избувна вечерва.
Вечерва околу 17 часот силен пожар го зафати атарот на селото Издглавје-општина Дебарца.Според информациите, огнените јазици се појавиле на нискостеблестата вегетација во едно од полињата а потоа, набрзо се прошириле кон шумскиот појас над селото. Охридската противпожарна бригада, интервенирала со две возила и десеттина пожарникари. Тие во моментов сеуште се борат со огнената стихија со напори за локализирање на пожарот.
Инаку, деновиве зачестија пожарите во атарите на неколку села во општината Дебарца.
