Синоќешниот пожар кај Свињишта е локализиран.
Вчера во 18,30 часот во атар на с.Свињиште-охридско, избувнал шумски пожар, при што била зафатена дабова шума. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид биле преземени мерки за локализирање и гаснење на пожарот.
