Пожарот се појавил во фабрика за сокови.
Полицијата информира дека вчера рано утрото во 01.55 часот во фабрика за сокови лоцирана на булеварот „Железничка“ во Охрид, се појавил пожар.
–Од извршениот увид констатирано е дека пожарот зафатил неколку пластични и гумени предмети по што, бил изгаснат од чуварската служба. Во пожарот нема повредени лица а предизвикана е мала материјална штета, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
