Утрово избувнал пожар во аптеката, изгорел дел од препаратите.
Утрово во 06 часот, во земјоделска аптека лоцирана на улицата „15 корпус“ во Охрид, случен е пожар во кој изгореле дел од земоделските препарати.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вели дека со интервенција на Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран и изгаснат, по што, на местото на настанот, извршен е увид. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и целосно расчистување на случајот, додава портпаролот Димоски.
