Во пожарот за среќа нема повредени лица.
Голем пожар, вчера избувнал во маркет во Охрид и „пеплосал“ разновидни намирници.
– Вчера, во 13.15 часот во СВР Охрид, пријавен е пожар во маркет на улицата .„7-ми Ноември“ во Охрид. Повредени лица нема, пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица а увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
