Опожарена браварска работилница во Струга.
Настанот се случил на 31.05.2018 година во 16.30 часот во Струга на улица „Маркс Енгелсова“ каде од засега неутврдени причини настанал пожар во браварска работилница сопственост на Р.Г.(57) од Струга. Од пожарот биле зафатени и изгорени разни предмети и материјали кои се наоѓале во работилницата. Од пожарот била опожарена и металната кровна конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Струга. Извршен е увид на местото на настанот.
