Пожарникарите спречија опожарување на цела куќа

Брзата интервенција спаси пеплосување на еден дом во Охрид.

Пожарникарите од охридската против пожарна единица, вчера интервенираа при пожар на улицата „Прилепска“ во Охрид. Вчера околу 09,45 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „Прилепска“ избувнал пожар во куќа сопственост на Р.Н.(36) Пожарот бил локализиран и нема повредени лица.
Деновиве пожарникарите имаа повеќе работа. Викендов интервенираа на отворен простор кај Рамне и Велестово во Националниот парк „Галичица“ а потоа и во куќа во селото Љубаништа.Пожарникарите апелираат, да се чистат оџаците пред стартот на грејната сезона и да се интервенира на поправки на оштетени електрични инсталации.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани