Познатиот неврохирург Милошески ги повикува граѓаните на вакцинација

Познатиот неврохируг од Охрид, д-р Митре Милошески  ги повикува граѓаните да се вакцинираат што поскоро.

 

Никој не треба да се двоуми и да не потклекнува на антиваксиналните кампањи по социјалните мрежи. Вакцините се безбедни и одобрени. 

-„Почитувани пријатели и сограѓани!
Ве молам и ве повикувам да се вакцинирате што е можно побрзо и согласно планот за вакцинации.
Особено ве молам да не наседувате на антивакциналните пропаганди.
Ок. Прифаќам. За се` има ризик, во медицината има статистика, но ве уверувам дека ако не се вакцинирате многукратно е поголем ризикот да се разболите и да не даде Господ од лош исход во однос на тоа да си се вакцинирате. Од срце Ви посакувам успешна вакцина и што побрзо заеднички да го победиме ова зло!“  , напиша на својот  Фејсбук профил д-р Милошески. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани