Пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа „за“, се исклучени од партијата

На полноќниот прес, Мицкоски ги исклучи од ВМРО-ДПМНЕ седумтте пратеници кои гласаа „за“.

На полноќ од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Кажа дека денска се менува лицето на Македонија, а со тоа и историјата и личните документи.
„Ова е силување на процедурите, срамно дело кое ќе се памети. Заев нанесе срам на држажата. Таа е во тешка ситуација поради ваквата власт. ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од членството во ЕУ и НАТО. Најголемиот непријател на европските вредности е Зоран Заев. Договото е параван за криминалот што не престанува. Затоа со кршење на демократијата го направија ова,изјави Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека има обврска да се спротивстави на ова. Тој не се откажува од избори на кои е уверен дека ќе победи, а Заев ќе ја добие заслужената казна. За седумтте пратеници кои гласале за уставните промени, Мицкоски изјави дека ги исклучил од партијата.
„Не сите ги издржаа тие притисоци. За оној нивен чекор, без оглед на фактот што се дел од политичкиот прогон на СЈО, јас не можам да ги оправдам и простам нивната постапка. Некои се одважија и гласаа согласно партискиот став. Оние седум кои постапија спротивно на олјата на граѓаните ме рачараа мене и партијата и татковината и со то ќе живеат. Затоа вечерва ИК на партијата и на мој предлог се услои едаш исклучување на овие седум пратеници, а тоа се Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канческа-Милевска, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајлоска – Старова и Емилија Александрова. “ – изјави Мицкоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани