Со 80 гласа усвоени уставните измени

Власта обезбеди двотретинско мнозинство и 80 пратеници гласаа за потребата да се пристапи кон уставни измени.

 

Две третини од пратениците во македонскиот законодавен дом, односно 80 пратеници, вклучувајќи и гласови на пратеници од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Собранието на Република Македонија го прифати предлогот на Владата за почнување постапка за уставни измени, согласно обврските преземени од Договорот со Грција потпишан пред неколку месеци во Преспа. Постапката за измена на Уставот би одела во три фази. Во првата, Собранието, со двотретинско мнозинство треба да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот, што се случи денеска на 19.10.2018 година.

Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Првата фаза која почна со доставувањето на Предлогот за уставни измени од Владата до Собранието може да трае најмногу 20 работни дена, односно 10 дена за дебата во собраниската Комисија за уставни прашања и уште 10 дена на пленарна седница на Собранието. Со денешното гласање оваа фаза е завршена.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани