Празнична хуманитарна помош за 180 семејства

Во рамки на Неделата на солидарност, а во пресрет на празниците Велигден и Бајрам, Црвен крст Охрид ќе помогне на 180 семејства во социјален ризик со поделба хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена.

 

Помошта е обезбедена и донирана од страна на брендот „Охридски бисер Филеви“ претставувана од потврдениот хуманист Михајло Филев и Лајонс клубот „Десарети“.

Нема достапен опис

„Според верските, моралните и сите други вредности ние и оваа година, како и секогаш, согласно нашата општствена одговорност како бренд „Охридски бисер Филеви“ решивме според нашите можности да учествуваме со една помош за најранливите категории, бидејќи короната коси и имаме несогледиви економски последици, но пред се здравствени, и ги повикувам сите кои се во можност, во духот на христијанството и солидарноста, да издвојат колку можат за оние кои немаат, сите да почуствуваме од благодетот“ вели Михајло Филев од „Охридски бисер Филеви“.

Нема достапен опис
“Одлучивме да учествуваме и во оваа хуманитарна акција со дополнителен број на хуманитарни пакети за социјално ранливите категории. Мотивот се знае, хуманоста пред се. Да бидеме хумани, да веруваме во Бога. Поводот се Велигденските и Рамазанските празници и да останеме на мисијата на лајонизмот да помогнеме онаму каде што треба да се помогне“ вели Јаким Маленко – Л.К. „Десарети“ од Охрид.

Нема достапен опис

„Апелирам и ги повикувам сите оние коишто имаат можност да се вклучат во „Неделата на солидарност“ која завршува овие дена, но и да изразам гордост и благодарност до сите оние коишто беа вклучени во оваа акција, каде во голем број маркети во градов беа поставени пунктови на кои нашите волонтери, заедно со вработените од маркетите и хуманите луѓе од Охрид ги собираа прехранбените производи. Дополнително, на тие 150 пакети ќе може да се направат уште триесеттина пакети кои ќе израдуваат уште педесеттина семејства“ Сашо Точко- претседател О.О. „Црвен Крст“ Охрид.

Нема достапен опис

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани