Христијани и муслимани заедно слават Велигден. Празниците мотив плус да се изрази взаемна почит, љубов, поддршка и разбирање.
Различата верска определба треба да биде мост за зближување.

Во организација на здружението „Инклузија“ во мултиетничка Струга, деновиве се подаруваа вапсани јајца и се честиташе Велигден.

– „Ако ги сакаме сите оние наши ближни и оние кои припаѓат на различни етнички заедници тоа само не прави поголеми луѓе и во очите на Бога. Наше е да се попчитуваме да се сакамае да градиме мостови на соработка бидејки тоа е единствената иднина во едно мултикутлруно, мултитолерантно општество“ ,,вели Весна Цветаноска од Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“.

Верските заедници, политичките партии, граѓанскиот сектор и медиумите се клучните актери за градење на соживот и толеранција.
„Што се однесува на соживотот и толеранцијата , сметам дека генерално во Струга имаме соживот и тоа е резулатат од доглогогодишниот живот што го имаме овде како општество со различни заедници“, вели Масар Жаку граѓански активист од Струга.

„Ние како општина сме пример за тоа како треба да се одвиваат односите мегу различните етникуми и религии. Мене така ме научиле моите родители уште како мала и така треба да продолжиме“, вели Мбареса Мемети граѓански активист од Струга.
Велигденската дружба е дел од проектот „Низ една призма сите сме исти“, што изминативе месеци се спроведува во Охрид и Струга. За таа намена имаше мултиетнички камп, толерантно кафе со свештеник и муфтија и повеќе работилници со младите.
Граѓанските актвисти заедно ќе го слават и празникот Бајрам .
Новинар Соња Рилковска
