Пребрзо се вози по сообраќајниците

Полицијата ги казнувала возачите што пребрзо возат.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, на 03.01.2021 година, на подрачјето на СВР Охрид беа извршени зајакнати акциски сообраќајни контроли.
Притоа, во Охрид беа констатирани 30 пречекорувања на дозволената брзина на движење во населено и надвор од населено место, во Кичево, вкупно 4 возачи на патнички автомобили управувале со поголема брзина од дозволената а во Дебар биле затекнати 16 такви возачи, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Димоски соопшти и дека „полициските службеници во Струга, регистрирале 12 возачи кои управувале патнички возила над дозволената брзина и еден возач кој бил под дејство на алкохол. Тој е исклучен од сообраќај и одземени му се возачките документи а на останатите, изречени им се соодветни прекршочни платни налози. Полициските службеници не затекнале возачи кои вршат јавен такси превоз на патници без лиценца за таква дејност“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани