Предлогот во недела да работат дуќанџиите пред Собрание

Предлогот во недела да работат дуќанџиите во туристичките центри пред Собрание.

После охридските и струшките дуканџии бараат да работат во недела. Струга како туристички центар  да биде изземена од законот, бидејќи најголемиот дел од работата на трговците во чаршијата е  за време на викенди.

Воведувањето недела неработен ден  предизвика огромни  финансиски штети врз локалната економија и туризмот, кои ионака се  тешко погодени од  кризата. Се доведува во прашање егзистенцијата на  стотината дуќанџии и нивните вработени.

„Општина Струга со градоначалникот Рамиз Мерко се приклучува на барањето на гастрономите, сите туристички работници и дуќанџиите за во Стуга недела да биде работен ден затоа што знаеме дека Струга е град што дирекно зависи од летната сезона“, вели Беса Зиба портпарол на општина Струга.

Општина Струга поднесе барање до министерството за економија, предлогот во туристичките места да се работи и во недела е испратен до  Собранието.

-„Недела неработен ден го загрозува локалниот економски развој. Ние работиме  за подобрување на ЛЕР затоа бараме до министерството за економија, односно до влада на РМ, Струга да има различни правила во летната сезона“, вели Зиба.

Охридските дуќанџии поднесоа предлог уште кога се донесе законот за недела работен ден, тие добија поддршка од градоначалникот Кирил Пецаков.

Од Сојузот на синдикати на Македонија не се согласуваат да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles