Прекрасно музичко доживување со Четкар.
Охридскиот градски плоштад вчера беше исполнет со многу позитивна енергија и вистинска празнична атмосфера благодарение на прекрасниот музички перформанс на Владимир Василески-Четкар.
Со почитување на сите мерки и протоколи за заштита, охриѓани и бројните гости покажаа дека и покрај здраствена криза може да се ужива во вакви забави на отворено.Општина Охрид и во иднина ќе поддржува настани кои носат бенефит за градот како туристички центар, напиша градоначалникот Константин Георгиески.