Премиерот го посети туристичкиот центар во Вевчани.
Вевчани и регионот добија туристички центар според стандардите на најмодерните европски општински средини, со кој се овозможува промоција и развој на туризмот не само на Вевчани, туку и на целиот регион.
Во 2016 година кога во предизборната кампања го посетив руинираниот објект на некогашното училиште „Страшо Пинџур“ во Вечвчани, ветив дека тука ќе никне нов модерен, мултифункционален Туристички центар „Вевчани“. Денес стоиме пред комплетно реконструираната зграда, која ги задржа архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но доби нова функција соодветно на новите потреби на заедницата и на регионот.
Продолжуваме да вложуваме во проекти со кои оддаваме почит кон традицијата и минатото и се стремиме кон идни придобивки од суштинска важност за граѓаните и за заедницата, рече Заев.


