По сообраќајката случена во август, сопружниците од нападот добиле тешки телесни повреди.
Двајцата напаѓачи добиле кривична пријава. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(20) и В.М.(28), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
– На 18.08.2019 во Пештани, по претходна вербална расправија во врска со сообраќајна незгода, пријавените физички ги нападнале А.Д. и неговата сопруга, при што им нанеле тешки телесни повреди, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
