При секое невреме се излева канализацијата во Охрид

Секое невреме отвора стари „рани“ во Охрид.

И мал дожд предизвикува излевање на фекалната и атмосферската канализација по градските улици. 

Најпогодени се жителите околу плоштадот и малиот плоштад. Улиците им  стануваат непороодни, кучите отсечени. 

-„Со години алармираме. Ова е неиздржливо. олекторот не функционира. По улиците се излеваат фекалии , жива зараза. Со децении слуѓаме за репарирање и санација на колекторот а на дело ништо. Ги повикуваме надлежните итно , итно да преземат мерки“, се жалат жители од Коста Абраш. 

Владата најави преземање на колекторот под државна капа, а од март идната година според најавите се планира да отпочне санацијата на колекторскиот систем.

 

ФОТО Здравко Чорбе

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани