Сообраќајката е случена денеска околу 11 часот.
Камион „Форд“, со својата приколка се „забил“ во мостот -надвозник што се гради на автопатот Охрид-Киичево кај селото Песочан. Дознаваме дека камионот е сопственост на фирмата „Илинден“ која го гради автопатот. Возачот немал повреди а предизвикана била голема материјална штета. Како е случена оваа несекојдневна сообраќајка ќе утврди увидот што е во тек.
-Сообраќајот на патот се одвива наизменично со пренасочување по една коловозна лентаа а увид се врши по наредба на Јавен обвинител, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Фото:24info.mk
