На охридскиот аеродром пристигна првиот лет од Амстердам со тур операторот ТУИ. Стотина туристи од Холандија следниве денови ќе одмараат на брегот на Охридското Езеро.
Од мај заклучно до октомври се очекува десетици илјади холанѓани да престојуваат во земјава.
Холанѓаните се едни од најбројните гости, кои остваруваат најголем број ноќевања. Нивните аранжмани се од 07 до 21 ден.
-„Стартуваме со сезоната ќе имаме во месеците мај јуни по три летови, а од јули почнува четвртиот лет од Холандија ќе бидат вкупно по четири понеделник, среда петок а потоа и сабота. Од 26 мај ни почнува и првиот авион од Велика Британија од Манчестер со првите гости од Англија така да почнуваме и се надеваме на убава сезона.Аранжманите се подолги, ние сме навикнати во охрид да имаме туристи кои ноќеваат по една до две вечери меѓутоа гостите од Холандија и Англија имаат аранжмани од 7, 13 дури и по 21 ден“вели Челик Асим тур оператор.
Холанѓаните се големи вљубеници во Охрид. Некои доаѓаат за прв пат но некои и со години одмараат на брегот на Охридското езеро. Им се допаѓа природата, културното наследство и гостопримството.
-Сум бил во Охрид многу многу пати . Езерото е најубаво на свет. десет дена ќе сме овде и ќе се вратиме шповторно во август
-Прв пат сме овде. 0054 Од авионот глетката беше преубава многу зеленило и прекрасно езеро
-Трет пат доаѓам многу ми се допаѓа
Минатата недела пристигна и првиот чартер лет од Холандија со тур операторот Корендон.Туристичките работници очекуваат плодна сезона, веќе се раздвижува на охридскиот аеродром. Од 03 јуни стартуваат чартер летовите Охрид Белград.
Новинар Соња Рилковска