На охридскиот аеродром утрово пристигна првиот лет од Холандија. 155 туристи од Амстердам на седумдневен одмор дојдоа во Охрид.
Холанѓаните се вљубени во Македонија. Некои гледале фотографии од одморот на свои пријатели, други каталози со натписи за нашата земја додека патувале на некоја друга дестинација, па токму затоа решле одморот да го минат на брегот на Охридското езеро.
Сакаат да се запознаат со богатото културно историско наследство, да го видат најголемото езеро во Европа, но и да уживаат во македонската традиционална храна.
-Ова ми е втор пат да летувам во Охрид. Најмногу ми се допаѓаат луѓето, вели една гостинка од Холандија.
-Многу е убаво овде, ми се допаѓа, вели гостин од Холандија.
-Одлучивме ова лето да не одиме во Шпанија ниту Грција, го избравме Охрид. Ни се допаѓа земјата, природата, вели друга гостинка.
Првиот чартер лет годинава пристигна порано од лани. Намалените рестрикции, смирувањето на пандемијата се причина за оптимистички најави за летната туристичка сезона.
„Очекуваме 150 проценти повеќе Холандски гости да го посетат Охрид и Македонија во 2022 година. Во јуни очекуваме 3-4 чартер летови ннеделно додека во јули и абгуст 4-5 чартер летови неделно но и други тур оператори и дестинации да го оперираат Охрид. Зборуваме за Полски за Турски тур оператори. ТУИ УК започнува со нивната операција од 15 јуни и очекуваме неколку илјади туристи од Велика Британија“, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.
За првпат во историјата годинава организираи туристи ќе има и од Англија. ТУИ Холандија се очекува да донесе околу 7000 гости, додека од Велика Британија околу 2000 гости.
-„За првпат годинава ќе имаме гости од ТУИ Велика Британија, кои што се најавени да почнат со доаѓање од 16 јули, два пати неделно со авионот на Виз ер каде што имаат закупено 80 седишт. Тоа ќе биде зпрв пат во истоијата на нашата држава да имаме организирано гости од Велика Британија“, вели Челик Асим тур оператор.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе продолжи со субвенционирање на странските тур оператори за привлекување на што поголем број странски туристи.
Според Јаневски од туризмот годинава се очекува 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари директен прилив во домашната економија со што туристичкиот сектор забрзано закрепнува после ковид пандемијата.
Новинар Соња Рилковска