Жител на Мешеишта ќе одговара за напад на службено лице.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.од охридското село Мешеишта. Тој, на 06.05.2022 година во 00.50 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Жечезничка“ во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Него, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.