Пет притвори и два домашни притвори се определени на граѓаните и пратениците кои беа приведени вчера рано утрото во полициска акција спроведена по налог на ОЈО, а во врска со настаните на 27 април во Собранието на РМ.
Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков доби 30 дена притвор, исто колку и оперскиот пејач Игор Дурловски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ и актерот Владо Јовановски. На собраниската службеничка која намигнувала и правела гримаси одреден ѝ е домашен притвор.
За пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василески, Љупчо Арнаудов, Жаклина Пешеска, Јохан Тарчулоски и Љупчо Димовски судот побарал одземање на имунитетот.
Полицијата вчера приведе 24 лица на барање на Обвинителство во врска со насилниот упад во Собранието на 27-ми април. Уште 12 лица, меѓу кои и пратеникот Јохан Тарчуловски и Сашо Василески се недостапни.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба за приведување на 36 лица за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
