Жител на Лешани агресивно се однесувал кон полициски службеници.
На 30.01.2022 година во 04.50 часот, во СВР Охрид приведен е С.И.(38) од селото Лешани, општина Дебарца. Тој, претходно, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
