Насилникот бил пијан и кршел излози на казино и соседни објекти.
Синоќа околу 23 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш.(38) од Охрид. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, приведениот, пред казино лоцирано на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со кршење на излози од казиното и уште неколку соседни објекти, а потоа започнал расправија со вработените. Е.Ш е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.