Приведени градежни работници во Охрид

Полицијата приведе тројца работници, еден од нив бил албански државјанин.

Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „вчера во 18.15 часот, по барање од Секторот за градежна инспекција при општина Охрид, поради постоење основи на сомнение за изведување бесправна градба на улица „Марко Нестороски“ во Охрид, приведени се градежните работници Л.В.(28), Н.В.(34), двајцата од струшкото село Радолишта, како и Е.Б.(30) од Република Албанија“. Додава дека по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Social profiles