Приведени охриѓани, еден нападнал девојка, 4 шетале во полициски час

Приведените „заработија“ кривични пријави.

Полицијата информира дека вчера во 14.30 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид, В.К.(67) физички ја нападнал Р.Т.(25), двајцата од Охрид и дека 4 лица ја прекршиле забраната за движење од 20 до 05 часот.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 30 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-11, Струга-05, Кичево-14). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19 Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 62 контроли по угостителски и други објекти (Струга-06, Кичево-27, Дебар-29), информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Димоски посочи дека во истиот период, во Охрид евидентирани се 04 прекршувања на забраната за движење од 20 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. Против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани