Приведени три лица се тепале на „Кеј Македонија“

Приведени три лица се тепале на „Кеј Македонија“.

 

На 02.07.2022 година во 00,40 часот,  во СВР Охрид приведени се Т.Т.(20), Х.Ј.(22) и К.Б.(20) , сите од Охрид, бидејќи претходно, на кеј „Македонија“ го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. При преземање на службени дејствија со цел расчистивање на нарушувањето,  полициските службеници биле спречувани од О.М.(23) од Охрид поради што, тој е приведен и лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани