Привршува преадаптацијата на салата „Билјанини извори“ во вакцинален центар

Спортската сала во Охрид се подготвува за регионален вакцинален центар. Жителите од Охрид, Струга, Вевчани, Кичево, Дебар, Дебарца и Ресен ќе се вакцинираат во салата „Билјанини извори“.

Здравствените установи од целиот регион се подготвуваат со медицински персонал за вакцинација. Медицински тимови од сите болници и здравствени домови, кои имаат помал број на ковид пациенти ќе ротираат во процесот на вакцинација.
Дневно се претпоставува дека ќе може да се вакцинираат околу 1000 лица.

– „ Ќе треба да има во една смена околу 26 до 28 медицински лица кои ќе бидат пприсутни во сортската сала по 12 часа. Лекари со искуство со вакцини, испланирано е и за сите несакани аспекти соби за антишок терапии и нормално охридската болница ќе биде подготвена и ќе го спроведеме овој процес без никаков проблем“, вели д-р Горан Балевски директор на охридската болница.

Во салата откажани се спортските натпревари и тренинзи, се прави преадаптација, спортските реквизити се отстранети, се поставуваат паравани.


-„Во овој момент се редат параваните, столовите, клупите каде ќе седат информатичари за да може да се врши конторлираат граѓаните по системот на Мој термин За рок од два дена спортската сала ќе биде подготвена за старт на процесот на вакцинација“ , вели Гордана Јованоска директор на Спортска сала „Билјанини извори“.

Вакцинаните пунктови ги донира компанија од Битола.

-„На барање на здружението Балкан СОС Медија од Охрид и градоначалникот се вклучиве во овој процес. Претпоставуваме дека донацијата во крајна фаза ќе биде околу 300 000 денари за овозможување на вакциналниот пункт“ , вели Христо Кондовски директор СН АД Брокет Битола. (домнатор)

Подготовките во спортската сала „Билјанини извори“ ќе завршат за два денови, процесот на масовна имунизација во регионот се очекува да започне кога ќе приститнат поголемите количини на вакцини најавени за крајот на овој месец.
Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани