Привршува сезоната, септември резервиран за странските гости

Привршува туристичката сезона во Охрид.

Пред почетокот на учебната година  значително е намален бројот на туристи во градот. 

Сума сумарум оваа сезона беше послаба во однос на минатата година, кога се уриваа рекорди. Опсежните анализи на туристичките рабтници ќе треба да ги утврдат причините за намалениот број на туристи особено во месеците  јуни и јули.

Со  август завршува високата сезона на брегот на Охридското езеро, среќа е што странски туристи има до октомври. 

Субвенционираните тур оператори, носат гости од Хонајдија, Белгија , Полска, Израел и други земји  цел септември. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани