Годинава Охрид ја одбележува 126 годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.
На 5 – 6 февруари ( вторник и среда) во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржат неколку настани со кои ќе се чествува ликот и делото на патронот на библиотеката.
Програма:
Изложба на ликовни дела на уметници од Република Македонија
Место: Изложбен салон 13:00 часот
Свеченост посветена на лауреатот награда ГРИГОР ПРЛИЧЕВ -Настап на хорот при НУЦК “Григор Прличев”- Охрид 1762 лето
-Обраќање на претставник од Општина Охрид
-Претставување на наградената поема за 2018 година “Крале Марко по втор пат”
-Артистичка изведба на поемата “Крале Марко по втор пат” од актерите *Ивица Цонев и Павел Маслов
-Врачување на Повелбата за најдобра поема за 2018 година
-Свечено обраќање на лауреатот Славчо Ковилоски
Место: НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид
