Кај охриѓанецот, на три дена пред Нова година, била запленета пиротехниката.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. На 28.12.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле претрес во дом и простории, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.
Останува нејасно зошто во информацијата од МВР не се наведува колку парчиња пиротехнички средства биле запленети.