Основниот суд Охрид изрече мерка притвор од 30 дена за Нефи Усеини и неговиот брат Ибраими за тепачката пред хотел во Охрид.
Мерката е изречена поради постоење можност за бегство. Претходно на двајцата им беше изречен осумдневен притвор, кој почна од 26 август, откако сами се предоа.
Браќата Усеини понудија гаранција од 30 илјади евра да бидат пуштени да се бранат од слобода, што беше прифатено од Охридскиот суд, но Апелацискиот суд во Битола ја одбија гаранцијата.
