Продолжува изградбата на атмосферска канализација на улица ,,Гоце Делчев”.
Екипите на ЈП „Нискоградба“ работат на изградба на атмосферската канализација во должина од 1.200 метри.
Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, предвидено е поставување на нов асфалт на коловозот како и ново јавно осветлување.