Продолжуваат акциите на дружината „Еко Фап“

Десетина бродари, ентузијасти од Охрид ги чистат дивите депонии во НП Галичица.

Додека бродовите им стојат вкотвени поради кризата, доброволно со сопствен камион активистите од ЕКО ФАП Охрид подигаат отпад од различни локации во регионот.
На последната акција на патот за преубавото Велестово, расчистија 10тина метри кубни најразличен отпад. Велат на Охрид му е потребна лесно достапна депонија.

„Градот треба да има една лесно достапна депонија со цел да не се депонира отпадот во шума. Од овде некој повторно треба да го подига отппадот се прават дополнитлени трошоци и во време и во средства.Најдобро е да има едно катче градот по некои симболични цени да може отпадот да се депонира со цел луѓето да бидат мотивирани да одат таму“, вели Горан Устијаноски од ЕКО ФАП Охрид.

Во акцијата им помагаше и подмладокот , децата од мали нозе треба да се учат да ја чуваат природата.

-Сакаме Галичица да биде чиста и уредена, велат децата.
-Доагаме да помагаме во чистење на Галичица за животната средина да биде почиста, велат децата.
-Лугето не треба да фрлаат ѓубре по планини тука на места одредени за тоа, велат децата.

Грѓаните за жал се` уште имаат ниска еколошка свест. Отпадот наместо на депонија го одлагаат во шумите или покрај езеро и ја загадуваат животната средина.

Најразличен вид отпад, дотраена покуќнина градежен шут се сретнува на повеќе диви депонии во Националниот парк Галичица. 
Ова е дваесетта акција на дружината Еко ФАП од Охрид, кои секојдневно добиваат поддршка од се` поголем број граѓани.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани