Промотивните цени се за патеките на 5 и 10 километри.
На 31 март истекува рокот за пријавување по промотивна цена за учество на Aтлетскиот викенд Охрид Трчат, кој ќе се одржи на 2 јуни.Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдин трката изнесува 500 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 800 денари.Организаторите нагласуваат дека повеќе информации околу пријавувањето и новостите на Охрид трчаТ има на официјалната интернет страна (ohridtrcat.mk).
