Пронајдениот леш бил во фаза на распаѓање.
Вчера попладне, од страна на случаен минувач, во месноста „Водејнци“ атар на охридското село Рамне, пронајден е леш во фаза на распаѓање.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека по добивање на информацијата, а по овластување на Јавен обвинител, извршено е обезбедување на местото на настанот а потоа извршен e увид.
-По наредба на Јавен обвинител, денеска ќе се врши одбукција во судска медицина при Медицинскиот центар во Битола. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, изјави портпаролот Димоски.
