Пронајден мртов маж во Подмолје со рана во вратот

Вчера  во 22,50 часот во селото Подмоље-охридско во куќа сопственост на С.П (62), Г.П. (40) го пронашол починат неговиот татко С.П. со рана во пределот на вратот.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Засега официјално не се знае како настапила смртта. Дали се работи за убиство или самоубиство. Охриднет дознава од соседи од Подмолје дека човекот  во неколку наврати се обидел да се самоубие. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани