Се намалува бројот на ученици во Охрид

Охридските училишта ќе формираат паралелки со помал број ученици. Најкритично е во  средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. 

Во некои паралелки се собираат  едвај по десетина ученици.

Општината прави напор   да не згаснуваат тие класови и да нема отпуштања на наставнички кадар.

-Ние усвоивме и дадовме виза да тие ученици со седум деца се оформи една паралелка за да не се изгубат бенефициите од м инисетсртвото за образование, бидејки тие бенефиции се и по број на одделенија и по број на работни места.Едноставно непрактично, греота е и во ниеден контекст тие паралелки не треба и не смеат да згаснат во Охрид, вели Ангел Јанев професор.

Потребни се законски измени во однос на исполнување на минимум часови по наставник за остварување на личен доход, предлагаат дел од професорите.

– Измени целосно во законот за основно и средно образование за оваа затекната состојба што ја имаме во Р. Македонија да не дојде да во следниот период имаме затворање на некое сновни или средни училишта, вели Јоне Станскоски професор.

Намалувањето на бројот на ученици се должи на масовното иселување од Охрид , но и намалениот природен прираст. 

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани