Фатена марихуана на патот Струга Дебар.
На 15.11.2020 година во 23.45 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар кај месноста „Суво поле“, полициски службеници од полициското одделение Велешта, извршиле контрола на патнички автомобил „Поло“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од В.К.(20) од Дебар. При извршен преглед, кај А.Л.(23) од Дебар-сопатник во возилото, пронајдена е опојна дрога Марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.