Полицијата ги исклучува од сообраќај пијаните возачи.
Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, на 14.11.2020 година, СВР Охрид, на целото подрачје спроведе засилени акциски контроли.
– Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, извршија контрола на 67 патнички и други моторни возила а кај тројца возачи, по извршено алкотестирање, констатирано е дека управуваат автомобил под дејство на алкохол а биле регистрирале три неправилно запрени патнички автомобили и еден прекршок сторен од моторциклист. На подрачјето на Струга, контролирани се 68 патнички и други моторни возила и во еден случај, констатирано е управување автомобил под дејство на алкохол како и два случаи на сторени прекршоци според одредбите од Законот за возила, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Портпаролот Димоски,информира дека полициските службеници во Кичево, контролирале 39 патнички и други моторни возила и по направено алкотестирање, регистрирале два случаи на управување моторно возило под дејство на алкохол и два прекршоци сторени од возачите на моторцикли.
На подрачјето на Дебар, полициските службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата, контролирале 26 патнички и други моторни возила. Од извршеното алкотестирање, не било констатирано управување на возила под дејство на алкохол а биле евидентирани осум прекршоци сторени од моторциклисти и останати учесници во сообраќајот.
Возачите кои управувале моторно возило под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Против нив, како и против сторителите на евидентираните прекршоци, ќе бидат поднесени соодветни пријави.