Уапсен охриѓанец, во домот му била пронајдена марихуана.
На 22.01.2021 во 21.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.М.(26) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
