Пронајдено безживотно тело во Климештани

Починатиот имал повреди на главата.

Вчера околу 10 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во куќа во селото Климештани. општина Дебарца, пронајде е починат С.Б.(59) од истото село. Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирани се повреди во пределот на главата.
Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски,  „увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи а по наредба, врз телото денеска ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани