Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ денеска во Охрид

Денешниов, е шестиот протестен марш против политиките на Владата на СДСМ.

Во врска со денешниот протесе, повик до граѓаните упати Сашо Донев, претседател на ОК. Во повикот се вели:Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема. Државата пропаѓа, граѓаните живеат се полошо, а Заев ги распродава националните и државните интереси. Граѓаните се разочарани од Владата на СДСМ. Лагите излегоа на виделина.
Наместо живот донесoa чемер и јад. Економијата тоне, цените растат, а стандардот опаѓа, земјоделието е на колена, здравството и образованието колабираат, безбедносниот систем е целосно разнишан.
Граѓаните се свесни што се случува во нашата држава и дека во огромно мнозинство истите нема да дадат поддршка на штетниот и капитулантски договор. Договорот е штетен и власта го знае тоа, затоа и бегаат од одговори. Заев се плаши, затоа и бега од дебата и соочување, затоа што нема аргумент за губењето на институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата.
ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој штетен договор, ниту некогаш ќе го поддржи. Заедно сме фокусирани на нови победи со една единствена цел, членството во ЕУ и НАТО, како врвна стратешка цел.
Зад секој успех стои труд и посветеност и само така Македонија ќе победи. Од нас зависи каков пат ќе избереме. Македонија е се што имаме, нашите корени и нашата иднина.
Затоа сите незадоволни граѓани од капитулацијата на Зоран Заев и пустошот на Владата на СДСМ Ве повикувам да ни се придружите на протестниот марш во Охрид, во недела со почеток во 13 часот, собирно место хотелот „Палас“ (на кејот на Охридското Езеро).
Заеднички, сложно и одлучно да го дадеме народниот одговор на погрешните политики кои се рамни на национална катастрофа, цврсто да застанеме пред заканата по македонскиот идентитет и гласно да кажеме МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани