Протоколите ги испразнија угостителските локали

Празни угостителските објекти. На правиот ден од новите мерки, синоќа ретораните и кафулињата во центарот на Охрид останаа речиси празни.

Угостителите велат стравуваат од високите казни, па строго се придржуваат на протоколите . Редари на врата им бараат вакцинални сертификати на гостите,но повеќето немаат, па мораат да си заминат.
Голем дел до туристите особено од странство се збунети, не знаат за новите мерки. Дошле на одмор, но не може да ручаат во ресторан, ниту да се освежат во охридските кафулиња.

-„Вие вакцинирани сте? Да втор пат пред 2 месеци. Треба и да се вакцинираат сите? Треба сите да се вацинираат и младите“,вели еден охриѓанец.
-„Ние живееме во Шведска таму сме вакцинирани. Дали знаете дека има нови протоколи? Да знаеме но мислам дека треба сите да се вакцинираат, најдобро би било за здравјето на народот“, вели македонска од Шведска.
„Треба да се вакцинираат сите, јас така мислам“, вели македонец кој живее во Шведска.
„Насекаде во светот се истите проблеми политичарите не размислуваат за проблемите на угостителите Јас сум од Германија и таму е истиот проблем сметам дека се е погрешно ке има големи еконосмки загуби но секаде во светот е истото. Моите колеги и партнери истото го мислат политичарите не мислат на бис=знис секторот. Вие вакциниран сте? Не не сум. Сега нема да можете да одите во ресторан? Не. затоа треба политичарите да мислат внимателно на лугето на комапниите во туризмот.;Македонија, Грција, Италија живеат од туризам со вакви мерки нема да има туристи“, вели гостин од Германија.
„Не треба вакви мерки , да се прекинува работата на угостителските објекти“, вели еден гостин.

Новите протоколи се уште еден голем удар врз угостителите, кои изминативе две години во пандемијата се соочија со големи финансиски загуби.

-„Принудени сме сами да ги бркаме гостите. Сезоната почна доцна, а сега и предвреме заврши. Прометот ни е намален за 70%. Ќе бидеме принудени сами да ставиме клуч на врата“, се жалат угостителите.

Некои угостители во знак на протест ставија клуч на врата. За влез во угостителски објекти од вчера задолжително е поседување вакцинален сертификат, потврда за прележан вирус не постара од месец и половина, или потврда за примена прва доза вакцина.
Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани