Први април- ден на шегата

Денес е денот кој насекаде во светот е прифатен како ден посветен на шегата, па така веруваме дека веќе сте подготвиле неколку идеи за тоа како да се пошегувате со вашите блиски, па дури и со луѓето кои не ви се толку блиски.

Доколку не повредувате некого, телесно или душевно, сѐ е дозволено. Во секој случај, мора да признаете дека 1ви април е многу позитивен и весел ден, бидејќи сѐ е дозволено, а никој нема право да се лути! Без разлика дали ќе се маскирате или не, дефинитивно мора да смислите некоја добра шега со која малку ќе ги вознемирите вашите најблиски.
Најчесто овој ден се одбележува со маскенбал, се маскираат и забавуваат најмладите.


Имајте среќен ден, направете интересни шеги.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани