
На 7.12.2019 година се одржа седмата по ред Меѓународна олимпијада по експериментална физика ЕРО 7.

Годинава домаќин на Олимпијадата беше нашата држава,односно, истата се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје .
Нашето училиште,ОУ Христо Узунов-Охрид, на Олимпијадата зеде учество со следните ученици: Ивона Тасеска,Атина Рувинова,Марија Зороска и Борче Исакоски,под менторство на наставничката Вера Зороска .
Учениците се натпреваруваа во својата возрасна група,односно во категорија Ѕ.
Со оглед на тежината на задачата и нивото на знаења и умеења што треба да ги поседува ученикот при нејзино решавање,огромна е среќата ,гордоста и задоволството од освоеното ПРВО МЕСТО од страна на ученикот Борче Исакоски.
Ова е уште еден доказ дека вложенот труд и посветеноста резултираат со врвни резултати!
На Олимпијадата учествуваа ученици од повеќе држави од регионот и подалеку!
