Прав и пепел на потегот Струга-Калишта. Изгорени огромни површини езерска трска на брегот на Охридското езеро. Нова пролет, стари проблеми.
Секојдневно спалување, сечење, уништување, а на крај тампонирање. На пеплосаните површини „никнуваат“ нови парапетчиња.
Несовесни граѓани заради лични интереси и профит со години го уништуваат природниот биодиверзитет на Охридското езеро.
-„Секоја година, ова уништување е се поголемо. Од она денес што може да се забележи на потегот Струга-Калишта, гледаме дека повеќе од една третина од трската е уништена. Уништени живеалишта на птици, угинати животни една слика која што е навистина траорна и која што не доликува“, вели Никола Кукунеш граѓански активист.
Загрижува што сторителите остануваат непознати. Надлежните немаат слух да сопре уништувањето на трската, велат активистите.
– „Она што недостига во оваа алка за заштита и превенција е активното вклучување на сите засегантаи посебно инспекциските служби кои имаат овластување да превенираат“, додава Кукунеш.
Кривичниот законик за недозволена крајбрежна трансформација и уништување предвидува затворска казна од три месеци до три години, но во пракса казни нема.