Расте бројот на заболени од карцином во Охрид

Зголемен бројот на заболени од карцином во Охрид. Голем број пациенти се соочуваат со малигни и бенигни заболувања.

Пандемијата го отежна нивното лекување. Немаше редовни термини за следење на болеста, а воедно имаше и страв кај заболените да одат на редовни контроли од вирусот. Најчести карциноми кои ја напаѓаат и помладата популација се  рак на бели дробови и простата.

Ова лето кога стивна пандемијата охридската болница беше преоптоварена со оперативни зафати.

-„Короната ги стопираше луѓето да одат на редовни и конторлни прегледи. Меѓутоа еве, успеавме и летниот период да  работиме со нормален оперативен програм , за разлика кога други години обично во летниот период  работевме само итен оперативен програм. Ете годива одлучивме и летниот период да работиме редовен оператвен програм“, вели д-р Балевски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Раното дијагностицирање и третман е клучно за борбаа со оваа болест, затоа лекарите апелираат на редовни прегледи.

-„Апелирам  редовни прегледи да се вршат. Посебно да не се пропушта таа карика, матичен лекар, па специјалист. Да се слушаат сите совети на лекарите. За жал луѓето денес повеќе читаат интернет и се кнсултураат со гугл наместо со лекарите. Мора да се консултираат со лекарите, лекарот мора да го води пациентот“, додава Балевски.

Ракот е втората водечка причина за смрт во светот. Светската стаситика тврди дека 9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година. 70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земјите со низок и среден приход.Најмалку една третина од честите форми на рак може да се спречат.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани